Уште во првата епизода во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ беше напнато меѓу членовите на жирито. Марија Шерифовиќ му замери на новиот колега Ѓорѓе Давид, кој го напуштил своето место за да отиде до тоалет, за време на настапот на една од кандидатките.
Додека Поповиќ чекал да го слушне мислењето на Џорџе, се јави Шерифовиќ која му порача на Давид дека е недопустливо, додека некој пее, тој да стане од столчето.
„Поповиќ те праша за мислење за кандидатката, а ти стана. Сега можеби слушна, а можеби не. Но, да знаеш дека тоа не е во ред“, му порача Марија.
Карлеуша исто така не остана нема, па се пошегува дека таа носи кинески пелени, затоа што понекогаш се случувало да останат и по шест седум часа на столчињата
Текстот Прва расправија во „Ѕвездите на Гранд“ во новата сезона е превземен од Reporter.mk.