Првиот број на „Плејбој“ со Мерлин Монро на насловна продаден за 31.250 долари

Предмети од личната колекција на основачот на „Плејбој“ се продадени на дводневна аукција во Лос Анџелес.

Обожавателите на Хефнер, човекот кој постојано беше облечен во свилена престилка ѝ кој беше познат по големите забави во опкружувањето на големиот број на пријатели, платиле големи пари за да ги поседуваат неговите лични предмети. Од неговата машина за пишување, до првиот број на „Плејбој“ со Мерлин Монро на насловната страна,

Машината за пишување со која Хефнер го направил првиот број на магазинот во 1953 година, е продадена за 162.500 долари, а неговата лична копија од првиот број на списанието за 31.250 долари, соопштиле од аукциската куќа „Џулијен“ која ја организираше продажбата.

Една од неговите наметки, направена по мерка од црвена свила е продадена за 41,600 долари, додека „вијагра прстенот“ од 14 каратно злато, во кој било скриена малото сино апче, е продадено за 22,400 долари.

Списокот со понудени предмети бил долг. Продадени се јакна за моторцикли, лимузина, џубокс, маса за билјард од плејбој замокот, па дури и неговата ѕвезда на Холивудската патека на славните.

Американскиот актер Џим Белуши, платил 3,125 долари за да добие копија од сценариото од епизодата од култната телевизиска емисија „Сабота навечер во живо“, на која Хефнер бил водител во 1977 година.

Хефнер почина во септември 2017 година, на 92. годишна возраст. „Плејбој“ магазинот е познат во светот по своите насловни страни со голи жени.

Приходите од продажбата ќе влезат во фондацијата Хефнер, која ги штити граѓанските права и посебно слободата на изразување, нешто за кое Хефнер особено се залагал.

 

 

Текстот Првиот број на „Плејбој“ со Мерлин Монро на насловна продаден за 31.250 долари е превземен од Reporter.mk.