Глумицата Ума Турман важи за една од најубавите холивудски глумици. И покрај тоа што ги освојувала срцата на голем број познати заводници меѓу кои и Квентин Тарантино, таа никогаш немала среќа во љубовта.
Ума Турман прво била во брак со познатиот глумец Гери Олдман, со кого се запознале на снимањето на филмот State of Grace, а се венчаа во 1990 година. Тој од неа е постар 12 години, но се разведоа само две години по бракот.
Во 1998 година Турман се омажи за нејзиниот колега Итан Хоук, кого исто така го запознала на снимањето. Двајцата имаат две деца, ќерката Маја и синот Левон. Ума и Итан се разделија во 2003 година, а поводот за разводот особено беше привлечен за медиумите. Итан ја изневерил Ума со дадилката на нејзините деца, Рајан Шохјуз.
Итан со Рајан подоцна се ожени и доби две деца. Сепак Хоук секогаш тврдел дека дадилката не е виновна за разводот, туку разните притисоци на неговиот брак, а истакнал дека и бил депресивен во тој период. Ума ја превземала одговорноста и изјавила дека не смее да се криви никој друг.
И покрај крахот на овој брак, Ума ја побарала и по третпат среќата кај бизнисменот Арпад Бусон, со кого била во врска од 2007 до 2009 година, кога ја прекинале веридбата. Двајцата се смириле и повторно се вериле во 2011 година. Потоа во 2014 година повторно раскинале. Двајцата ја имаат ќерката Луна, а Ума го доби старателството.
Текстот Прво ја оставил Гери Олдман, а потоа Итан Хоук ја изневерил со дадилката, Има Турман нема среќа во љубовта е превземен од Reporter.mk.