Преголемиот број публика на реномираните диџеј имиња од светската сцена Димитри Вегас и Лајк Мајк ги блокираа влезовите на Билјанини извори каде вчера имаше вистински спектакл.
Публиката во еден глас ги пееше најголемите хитови како When i Grow Up, Stay A While и Trenor.
„Македонија вие сте одлична публика!“, рекоа тие.
На спекталот енергијата ја вжештија и хитовите Instagram, Blah, Blah, Blah и Comlicated, кои се соработки и ремикси со светските диџеј како Дејвид Гета, Армин Ван Бурен и Афро Брос.
Пред настапот на Вегас и Мајк, публиката ја забавуваше македонскиот диџеј Галоски, за кого публиката коментираше дека повеќе зборува отколку што внимава на микс музиката која ја правеше. За влез во вториот партер се чекаше и по еден час пред стадионот „Билјанини извори”.
„Се слушаме до Африка, а Охрид Колинг е најголем фестивал во Европа”, викаше Галоски од сцената на Билјанини Извори.
Спектаклот ќе се зборува уште долго, а тој продолжува и вечерва Џакс Џонс и Роџер Санчез. Фестивалот е во организација на Аволон продукција.
Кристијан Ландов
Текстот Публиката го „блокираше“ влезот за журката на Вегас и Мајк во Охрид е превземен од Reporter.mk.