Поп пејачката Тамара Тодевска настапи вчеравечер на „Макфест“ во ревијалниот дел. Таа направи вистинска забава за публиката која во еден глас пееше со неа. Публиката со дочека со аплауз, иако изминатиов период Тамара беше во центарот на вниманието откако ја утна летотот химната на Македонија во Американската амбасада.
Работата отиде дотаму што таа ги откажа концертот во Охрид и настапот на Пиво фест. Сепак, откако се повлече од јавноста сега повторно се врати на сцената. Овој пат во Домот на култура во Штип, целата сала заедно со Тамра во еден глас ги пееше евровизиската „Praud“, но и „Немирна“, „Седмо небо“, „Шила“, „Довидување таго“. Ги изведе заедно со Роберт Билбилов кој ја придружуваше на клавијатура.
„Пред 28 години заедно со легендарните Маријана и Росана, го имав свој прв настап на Макфест. Имав само 6 години. Се сеќавам, Зерина Цокоја ми пријде пред самиот настап и ме праша – Имаш ли трема? – Што е тоа трема?, и одговорив. Денес, по неколку годишна пауза повторно настапувам на Макфест, но овој пат во ревијалниот дел. Пеперутките сѐ уште се тука а и магијата. Ви благодарам што сте покрај мене и што верувате во мене. Заедно продолжуваме да креираме магија, напиша Тамара.
Текстот Публиката реши да заборави на утнатата химна, аплауз за Тамара на „Макфест“ е превземен од Reporter.mk.