Холивудскиот глумец Бред Пит во едно од своите последни интервјуа открил дека во деведесетите години кога ги постигнал најголемите успеси, му било многу непријатно и дека се чувствувал како да е во затвор. Пит по неговите најголеми филмски успеси се криел од најблиските и луѓето. Вели не сакал да биде виден во јавност.
„Поголемиот дел од времето го минав криејќи се и пушејќи марихуана. Ми беше непријатно поради сето тоа внимание“, изјавил глумецот, кој во тоа време глумеше во филмовите „Интервју со вампирот“ во 1994 година, „Седум“ во 1995 година и „Боречки клуб“ во 1999 година.
„Потоа престанав да снимам, затоа што се чувствував како да сум во затвор“, вели Пит.
Глумецот вели дека сега знае како да живее. Често излегува и се дружи со пријателите. Бред Пит сака да им помогне на луѓето да се чувствуваат добро. Тоа вели дека најдобро умее да го прави преку филмовите.
„Сега кога по подолго време сум сам, одлучив поголемиот дел од времето да го посветам на самиот себе си и на работите кои претходно не сум можел да ги правам“, вели Пит.
По разводот од Анџелина Џоли, Пит се пофали дека ослабнал, почнал да јаде здрава храна и повеќе не пие алкохол.
Текстот „Пушев марихуана и се криев од пријателите“, Бред Пит за животот во деведесетите е превземен од Reporter.mk.