Рускиот претседател Владимир Путин, кој на самито во Истанбул допатува од Сибир, како подарок на своите колеги донел риба, бобинки, лешници и други локални производи, изјавил портпаролот на Кремељ Дмитри Песков.
Во Истанбул вчера беше одржан самит на лидерите на Франција, Германија, Русија и Турција, Емануел Макрон, Ангела Меркел, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган за Сирија, пренесе ТАС С.
Во пресрет на посетата на Турција, Путин го посети сибирскиот град Ханти Мансијск, каде се сретна со локалните власти.
Текстот Путин честеше бобинки и риба на самитот во Истанбул е превземен од Reporter.mk.