Рада Манојловиќ депортирана од Швајцарија

Српската пејачката Радмила Манојловиќ вчера имаше  голема непријатност во Швајцарија, откако по пристигнувањето беше веднаш депортирана од Цирих.  Како што известуваат српските медиуми таа била задржана во Швајцарија нешто повеќе од час и половина поради проверки. Рада Манојловиќ која стана популарна после шоуто на „Ѕвездите на Гранд“ требаше да настапува во Швајцарија, но бидејќи немала виза не и било дозволено да стигне до својата крајна дестинација и да настапува пред своите фанови.

Според информациите, во 17 часот била приведена за проверки и веднаш потоа од аеродромот во Цирих депортирана во Белград.

Текстот Рада Манојловиќ депортирана од Швајцарија е превземен од Reporter.mk.