Рада Манојловиќ му купи тракор на својот татко

Српската фолк пејачка која потекнува од Четереже на својот татко му купи нов трактор вреден 50.000 евра. Пејачката во јавноста е позната како девојка која редовно му помага на семејството. Никогаш не се срами од своето потекло и често го посетува родниот крај. Претходно на своите блиски им помогна околу реновирањето на семејниот дом.

„Рада многу настапува и не е тајна дека цената за нејзините настапи е далеку поголема во однос на некои нејзини колешки. Нејзиниот татко е многу вреден човек. Самиот си ги извршува земјоделските работи и не сака премногу да му се мешаат во работата. Сепак Рада одлучи да му помогне да го замени стариот трактор кој го имаат со децении и веќе е потрошен“, вели пријател близок до пејачката.

 

 

 

Текстот Рада Манојловиќ му купи тракор на својот татко е превземен од Reporter.mk.