Српската пејачка Рада Манојловиќ, во едно скорешно интервју призна дека најлошото пијанство го имала во авион, кога летала за Америка. Таа заради стравот од летање се напила вино, па заспала во тоалетот на авионот.
„Тоа се случи пред неколку години кога заедно со колегите од ‘Ѕвездите на Гранд’ тргнавме на турнеја во Америка. Некој од пејачите ме советуваше да се опуштам со алкохол. И јас го послушав, земав две шишиња со вино и ги испив на празен желудник. Отидов во тоалет, се заклучив и заспав. Настана хаос. Стујардесите удирале по вратата, но не можеле да ме разбудат. Три часа поминав во тоалет, додека не дојдов на себе. Ми беше срам кога излегов, сите патници гледаа во мене. Пејачите што беа со мене ми рекоа дека сум ги посрамотила. Најмногу ме критикуваше Милан Станковиќ. Тоа ми се случи еднаш и никогаш повеќе,“ рекла Манојловиќ.
Во интервјуто таа додала и дека не пие алкохол, освен кога оди во родниот крај, па таму пие од ракијата на нејзиниот татко.
Текстот Рада Манојловиќ раскажа за најлошото пијанство: Заспав во тоалет е превземен од Reporter.mk.