Фолк-пејачката Рада Манојловиќ му го прости неверството на своето момче Харис Берковиќ. Таа на својот инстаграм-профил објави кусо видео од неговиот најнов спот за песната „Лош“, со коментар дека сите треба да ја слушнат неговата нова песна. Српските медиуми веднаш напишаа дека Рада и Харис се смириле и дека ја продолжиле врската.
Пејачката неодамна дозна дека Харис ја изневерил. Тогаш за српските медиуми неколкупат изјави дека тој е мртов за неа и дека веќе не сака да го види, а зборуваше и дека некој сигурно ѝ правел црни магии штом нема среќа во љубовта.