Раде Шербеџија раскажа за апсењето во Америка

Еден од најуспешните актери на Балканот, Раде Шербеџија за српските медиуми раскажа што се случило пред шест месеци кога беше уапсен во Америка за возење во пијана состојба. Како што тогаш пренесоа американските медиуми, во автомобилот на Шербеџија му било пронајдено шише виски.

Актерот негира дека бил пијан, затоа што кога му измериле алкохол во крвта, во неговата крв се покажало дека има само 0,8 промили, што било граница на дозволеното. Но, сепак полицијата утврдила дека не е во состојба да вози.

„Побараа од мене да направан некои глупави потези, кои не можев да ги направам поради болките во грбот. Тогаш заклучија дека таа мала доза алкохол во мене, била пресудна ѝ дека не сум во можност да возам. Ме исклучија од сообраќајот, а американските медиуми веднаш објавија, што значи сум познат во Америка“, се пошегува Шербеџија и додаде дека не се гледа себе си како боем.

„Никогаш не сум бил боем, само не ги сакам овие официјални и службени работи. Повеќе сакам нешто на своја рака. Повеќе сакам да одам во тивка кафана отколку во голема. Повеќе сакам да се дружам со непознати луѓе, отколку со познати. Носам стари шешри, стари кошули, но знам да се однесувам и во смокинг“, вели Шербеџија.

Актерот важи за еден од најуспешните глумци на нашите простори кои успеале во Холивуд.

„Во еден момент глумев во филмот The Saint а тоа беше голем хит во светот. И милионер и злосторник и станав негативец. На сите им се допадна тој лик и добив одлични критики, така што, тоа е една од причините што добивам слични улоги“, вели Раде, и открива како успеал да остане свој на своето.

„Тоа е една од основните работи. Човек треба да се држи до својот пат и да не се раководи по тоа што други му налагаат. Свесен сум дека како млад човек знаев да ги нервирам некои кои размислуваа малку поинаку од мене. Како се повеќе стареев, тоа го правев се помалку и на некој начин дозволив луѓето различно да размислуваат за многу работи“, вели Шербеџија.

 

 

 

Текстот Раде Шербеџија раскажа за апсењето во Америка е превземен од Reporter.mk.