По 14 годишна врска шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе се жени со девојка му Мариа Перељо. Свадбата ќе се случи на 19 ноември во Поленса град на Мајорка, кој се наоѓа во близина на крајбрежјето на земјата.
По веридбата која се случи минатата година, ппанските медиуми шпекулираа дека Надал ќе прави свадба по освоениот тениски турнир „Роланд Гарос“. Подоцна тој ја негираше ваквата информација.
Надал изнајмил цел луксузен комплекс со базени, приватни соби, а има и хелиодром, пишува Majorca Daily. На свадбата е поканет и шпанскиот крал Хуан Карлос, со кого Надал е во одлични пријателски односи.
Надал и Мери се заедно од 2005 година, но се имаат запозната многу порано. Мариа е дипломиран финансиски експерт, а работи како водител на проектите на хуманитарните организации на Надал.
Медиумите во Шпанија за неа пишуваат дека не е типична жена на спортист, кога се во прашање социјалните мрежи. Мери нема службени профили на ниту една социјална мрежа.
Текстот Рафаел Надал ќе се жени по 14 години врска е превземен од Reporter.mk.