Поранешниот најдобар светски тенисер Рафаел Надал следниот месец ќе се ожени со својата тинејџерска љубов, Мери Парело. Свадбата ќе се одржи во Мајорка, а поканети се повеќе од 500 гости, објави шпанскиот ТВ-канал „Телекинко“.
Според нив, познатиот шпански готвач Кике Дакоста ќе подготви посебен оброк за тенисерот, а останатите гости ќе бидат послужени со традиционална шпанска храна на база на месо и риба. Точниот датум на венчавката засега не се објавува јавно, а се кријат и деталите за венчавката.
Надал и Мари Парело се во врска 14 години. Двојката се вери пред околу една година.
Текстот Рафаел Надал ќе се жени со тинејџерската љубов е превземен од Reporter.mk.