Рајан Рејнолдс е најплатениот актер во 2019 година

Американскиот магазин Variety ја објави листата на најплатени холивудски актери во 2019 година. На првото место се најде глумецот Рајан Рејнолдс, со заработка од 27 милиони долари за филмот Six Underground, објавил влијателното американско списание Variety.

Веднаш зад Рејнолдс се најде Двејн Џонсон со заработка од 20 милиони долари за филмот Fast & Furious Presents: Hobbs & Shaw. Роберт Дауни Јуниор има заработка од 20 милиони долари за филмот The Voyage of Doctor Dolittle. Следи Вил Смит со заработка од 17 милиони долари со филмот Bad Boys for Life.

Том Круз е петти на оваа листа со заработка од 14 милиони долари, за филмот Top Gun-Maverick. Шести е Џејсон Стетам со заработка од 13 милиони долари за Fast & Furious Presents: Hobbs & Shaw. Бред Бит годинава заработил 10 милиони долари за Once Upon a Time in Hollywood. Гал Гадо исто како Бред Пит има заработено 10 милиони долари.

Гадо парите ги заработил од снимањето на филмот Wonder Woman 1984. Леонардо ди Каприо 10 милиони заработи од снимањето на филмот Once Upon a Time in Hollywood. Од девет до десет милиони долари заработка оствари и актерот Марго Роби со филмот Birds of prey.

Деветти на оваа листа е Идрис Елба со заработка од 8 милиони долари со филмот Fast & Furious Presents: Hobbs & Shaw. Десетти е Кристен Стјуарт со заработка од 7 милиони долари со филмот

 

 

 

Текстот Рајан Рејнолдс е најплатениот актер во 2019 година е превземен од Reporter.mk.