Рајан Рејнолдс стана сосопственик на Минт мобajл

Глумецот Рајан Рејнолдс, познат по филмовите „Блејд“, „Дедпул“ и гласот на Пикачу во „Покемон-детектив Пикачу“, презеде удел во американскиот мобилен оператор Минт мобајл, кој брзо се шири на американскиот пазар благодарение на иновативниот концепт на продажба.

Имено, компанијата нуди повеќемесечни пакети мобилна телефонија со намаление за плаќање однапред. А, како што објави „Андроид-сентрал“, Рејнолдс ќе има удел во односи со јавноста и маркетинг, но и учество во стратешките одлуки.

Иако официјално не се објавени детали за нивото на сопственост, Рејнолдс додаде „сопственик на: @MintMobile“ во својата куса биографија на Твитер.

Текстот Рајан Рејнолдс стана сосопственик на Минт мобajл е превземен од Reporter.mk.