Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ ќе остане без својот автомобил вреден 100.000 евра, пишуваат хрватските медиуми. Договорот за спонзорство меѓу Барселона и Ауди официјално завршил на 30 јуни и фудбалерите на каталонскиот клуб по враќањето во Европа од турата во Азија, каде се подготвуваат за новата сезона, ќе мора да ги вратат своите автомобили.
Ракитиќ ќе мора да ги врати клучевите од својот Q8 50 TDI quattro tiptronica. Соработката меѓу „Ауди“ и Барселона трае повеќе од десет години и сите играчи ќе мораат да ги вратат своите скапоцени возила кои ги добиле на користење. Германскиот автомобилски гигант на ѕвездите на Барселона им дал три недели да ги вратат автомобилите, а со оглед на тоа дека тие се наоѓаат на подготовки во Азика, клучевите ќе мора да ги вратат откако ќе пристигнат во Европа.
Во текот на десетгодишниот период, Барселона и „Ауди“ имале неколку несогласувања поради некористење на автомобилите. Најголема драма предизвика Златан Ибрахимовиќ, кој на еден тренинг пристигнал со „Ферари Ф5“, тогаш вредено речиси милион евра. Спонзорот го притискал клубот да ги предупреди играчите, на тренингот и сите нивни обврски кои ги имаат со клубот, да доаѓаат во нивните автомобили.
Најбарани модели на „Ауди“ Ракитиќ и неговите соиграчи ги земаа на крајот на март. Најбарани тогаш биле моделите „Ауди Q7“ и „Ауди Q8“. Само петмина играчи ги избрале SUV моделите.
Ракитиќ избрал Q8 50 TDI quattro tiptronic кој вреди 100.000 евра, а исти такви земале и Кутињо, Малком, Ленглет и Боатенг. Претходната сезона Ракитиќ возел RS 6 Avant, ист каков што имал и Лионел Меси, кој во март избрал модел SQ7, а за истиот автомобил се одлучиле и Џерард Пике и Луиз Суарез.
Текстот Ракитиќ остана без „Аудито“ вредно 100.000 евра е превземен од Reporter.mk.