Ракометарите на Вардар треба да слетаат после 18 часот на Скопскиот аеродром. Веста за пристигнувањето за „Репоретр“ ни ја потврди хрватскиот ракометар Игор Карачиќ. Но, ја потврдија и од Град Скопје. Предходно летот со кој требаше да пристигнат беше откажан , но не беше објаснето зошто.
На страницата на скопскиот аеродром само беше објавено дека летот од Келн во 16.15 часот, со кој треба да пристигнат европските шампиони е откажан.
Чартер лет и парична награда за ракометарите на Вардар ќе обезбеди градот Скопје, по нивото пристгниување денес. Веќе на големо се органзира голем дочек на европските шампиони, со тргнување од салата „Јане Сандански“ , до Скоскиот Аеродром и на градскиот плштад.
,,По мое барање и предлог, советот на Град Скопје ќе гласа ракометарите на шампионскиот Вардар да бидат донесени дома со посебен чартер лет, финансиран од Град Скопје. Поаѓаат од Келн попладнево во 16.30. Слетуваат во Скопје во 18.50.Да ги пречекаме достоинствено нашите европски шампиони. Без делби и поделби.Спортот обединува.Се гледаме вечерва на градскиот плоштад ,,Македонија”, вели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за Макфакс.
Текстот Ракометарите пристигнуваат по 18 часот, се е спремно за дочек е превземен од Reporter.mk.