Македонскиот ракометар, Филип Кузмановски, вчера се вери со својата долгогодишна девојка Моника Игнова. Тој ја изненади Моника кога пред цела кафана во Битола клекна на колена и ја побара за жена. 23-годишниот Кузмановски во ресторанот правеше роденденска забава за своето семејство и најблиските пријатели, неколку дена пред да се пресели во Германија каде што ќе игра следната сезона.
Филип веќе неколку години настапува за македонската репрезентација и игра на позицијата лев бек. Тој карирата ја почна во „Пелистер“, оттаму се пресели во „Металург“, а оваа сезона играше за „Еурофарм Работник“. Од догодина, Кузмановски ќе игра за тимот на Магдебург во „Бундеслигата“.
Неговата свршеница Моника, е од Велес. 25-годишната девојка е прва братучетка на ракометарот Дејан Манасков.
Фото: Фејсбук
Текстот Ракометарот Филип Кузмановски пред цела кафана ја побара девојката за жена е превземен од Reporter.mk.