Силвестер Сталоне ги израдува фановите дека ќе го снима новото продолжение од серијалот за славниот ветеран Рамбо, инспириран од романот на Фирст Морбид. Но, актерот ги разочара со новиот изглед на главниот јунак.
Легендарниот, застрашувачки лик со мускулесто тело, сега е каубоец. Сталоне на својот инстаграм-профил објави фотографија на која позира како каубоец со шешир на главата.
„Вечерва почнуваме да снимаме“, најави кратко Сталоне.
На другата фотографија актерот јава коњи, во кожен капут.
И додека некои фанови со нетрпение го чекаат филмот, други се разочарани од ваквиот развој на ситуацијата.
„Рамбо каубоец?! Зарем Рамбо стана шериф? Доли Партон би била горда, ова не е Рамбо. Те молам кажи дека имаш долга коса, Рамбо не може без тоа. Рамбо мора да има долга коса“, му порачаа фановите.
Филмот се очекува да стигне во кината на есен следната година.
Текстот Рамбо стана каубоец е превземен од Reporter.mk.