Оскаровецот Рами Малек ќе го игра главниот негативен лик во новиот филм за Џејмс Бонд, што ќе почне да се снима наскоро. Ова беше потврдено денес на специјален настан во Јамајка, на кој беа објавени детали за јубилејниот, 25. филм за најпознатиот светски таен агент. Продуцентите, сепак не го открија името на филмот, и тој за сега се вика „Бонд 25“. Филмот ќе биде промовиран догодина, на 25 април.
Малек не присуствуваше на промоцијата, а на новинарите им се обрати со видео-порака.
„Моментално сум во Њујорк, но едвај чекам да ѝ се придружам на екипата. Ветувам дека ќе му зададам многу маки на Џејмс Бонд во овој 25. филм“, рече тој.
Во овој филм Даниел Крег последен пат ќе го игра тајниот агент 007. Тој на настанот се пошегува дека по пораката на Малек е исплашен за она што го чека Бонд. Ралф Фајнс и Бен Вишо повторно ќе ги глумат Ем и Кју, а Наоми Харис повторно е госпоѓица Манипени. Режисер на новиот филм ќе биде Кери Фукунага.
Текстот Рами Макел ќе глуми негативец во новиот „Бонд“ е превземен од Reporter.mk.