Во моментот кога глумецот Рами Малек дознал дека е во најтесниот круг кандидати што може да го глумат Фреди Меркјури во филмот „Боемска рапсодија“ посвете на групата „Квин“, веднаш почнал да носи лажни предни заби.
„Почнав да ги носам лажните заби една година пред да почне снимањето, иако тогаш сѐ уште не знаев дали сум ја добил улогата. Ми требаше време да се навикнам на нив, но сакав да ми биде удобно колку што е можно повеќе, затоа што беше тешко да се зборува, а камо ли да се пее со нив. Сакав што е можно поверодостојно да го одглумам Фреди“, рекол Малек во интервју.
Тој признал дека станал многу нервозен кога сфатил дека треба да го глуми еден од најголемите пејачи на сите времиња.
„Тоа беше најстрашното соочување во мојот живот. Прво што си реков беше ‘како ќе го изведам тоа?‘ Фреди е личност што се смета за легенда, рок икона, рок божество, но знаев дека не смеам да ја испуштам оваа шанса. Ја зграпчив, се вложив себеси во улогата и ова беше најисполнувачкото искуство во мојот живот“, додал тој.
Освен забите, Малек носел и вештачки нос, разни мустаќи и голем број перики.
Текстот Рами Малек почнал да носи вештачки заби една година пред да го глуми Фреди Меркјури е превземен од Reporter.mk.