Раперот Пост Мелоун (24) ужива во својата турнеја во „Runaway“. На социјалните медиуми се шират фотографии на кои обожавателка од публиката ја крева маицата и на раперот му ги покажува градите, а неговата реакција стана вирален хит. Раперот го испуштил микрофонот, ја погледнал девојката во публиката, па ги искокорил очите и ја отворил устата во шок.
Мелоун минатиот месец го издаде албумот „Hollywood Bleeding“, на кој соработуваше со Тревис Скот (28), Канје Вест (42) и Ози Озборн (70).
Вистинското име на Пост Мелоун е Остин Ричард Пост, и тој потекнува од многу богато семејство, кое било изненадено од неговата одлука да се занимава со рап-музика. Сепак, Пост се проби во светот, а неговиот најнов албум се искачи на првото место на топ листите на „Билборд“.
Тој е препознатлив и по тетоважите на лицето. Над веѓите му пишува „остани настрана“, а под очите „секогаш уморен“.
Текстот Раперот Пост Мелоун се стаписа кога девојка од публика му ги покажа градите е превземен од Reporter.mk.