Глумицата Дакота Џонсон и пејачот на „Колдплеј“, Крис Мартин, раскинаа по една година врска. Двојката не е заедно од крајот на април, потврдија заеднички пријатели за американскиот таблоид „Џаст Џеред“.
Ќерката на Дон Џонсон и Мелани Грифит, која се прослави со улогата во филмот „50 нијанси сиво“ и поранешниот маж на Гвинет Палтроу, долго време криеја дека се заедно. Тие дури пред крајот на годината лани открија дека се во врска. Потоа, во неколку интервјуа двајцата изјавија дека се среќни иако не се гледаат многу често. Според „Џаст Џеред“, тие наводно разговарале и за венчавка, но никогаш не се верија.
Текстот Раскинаа Дакота Џонсон и Крис Мартин е превземен од Reporter.mk.