Прекршочниот суд во Белград распишал две потерници по водителот Милан Калиниќ затоа што не се јавувал на рочиштата за изречување на пресудите и казните.
Калиниќ продолжил да се однесува непримерно во сообраќајот и притоа избегнувал казни за таков вид на возење. Тој досега имал направено два сообраќајни прекршоци. Првата казна му е за пребрз возење во населено место, а втората за незаконско престигнување.
„Поради тоа што поканите секој пат се враќаа, а со самото тоа беше неовзможно да се лоцира актерот, судијата бил приморан на полицијата да ѝ нареди да го приведе Калиниќ“, вели извор близок до истрагата за „Блиц“.
„Иако неколку пати полицијата доаѓала на адресата на Калиниќ за да го приведат поради нејавувањето на судските покани, полицијата ниту еденаш не го затекнале актерот дома. Калиниќ исто така не се има појавено на суд. Првата наредба за приведување е издадена уште во Февруари минатата година, а втората во септември. За месец дена ќе поминат точно година дена, период колку што го бара судот и полицијата. Калиниќ во меѓувреме слободно се движи и е присутен во јавниот живот. Тој игра во претстави и гостува во телевизиски шоуа. Но, просто никогаш не е дома кога полицијата го бара“, вели изворот упатен во целиот случај.
Сепак Прекршочниот суд донел одлука, актерот да може самостојно да се јави на суд одредени денови.
„Поради неможноста да се лоцира и да дојде на рочиштето, судијата од Прекршочниот суд во Белград отвори можност да Калиниќ самиот се јави на суд. Поради првиот прекршок, брзо возење, актерот тоа може да го направи секоја среда од 10:00 часот до 13:00 часот, додека за вториот прекршок тој би можел да се јави било кој четврток во истото време“, наведува изворот.
Текстот Распишана потерница по Милан Калиниќ е превземен од Reporter.mk.