Распродадени картите за концертот на Ацо Пејовиќ

Српскиот фолк-пејач Ацо Пејовиќ ги распродаде картите за концертот кој треба да се одржи во белградската сала „Арена“ на 22 ноември. Организаторите велат дека интересот за овој спектакл од ден во ден станува се поголем.

Поради тоа пејачот и неговиот тим се решени да направат уште еден концерт. Терминот за вториот концерт е закажан за 17 декември, а продажбата на картите почнува веќе од утре.

„Фала Србија, фала Белград на оваа љубов. Пресреќен сум. Како и сите овие години досега подготвен сум да возвратам со љубов, убава емоција и прекрасни песни. Фала ви на вас и добредојдени сте сите“, изјавил Пејовиќ во своето соопштение.

 

Текстот Распродадени картите за концертот на Ацо Пејовиќ е превземен од Reporter.mk.