Новак Џоковиќ и неговата сопруга Јелена се огласија по грабежот и киднапирањето на нејзиниот дедо Милослав.
Семејството е во шок поради новонастанатата ситуација.
Милослав Радисављевиќ (85) на кого синоќа во домот му упаднале разбојници, го киднапирале и го однеле во полето оддалечено неколку километри. Тој бил пронајден следното утро од полицијата, врзан за далековод.
Милослав, дедото на Јелена Џоковиќ поради сите околности не е во состојба да дава изјави за медиумите, исто како и Ноле и Јелена. Тие им се заблагодарија само на полицијата, за нивната брза реакција.
„Истрагата е сеуште во тек и се бара разбирање од јавноста за малиот број на информации“, се вели во заедничкото соопштение.
МУП: Украле 26.000 динари и го врзале
Припадниците на Министерството за внатрешни работи го пронашле утрото осумдесетгодишниот старец врзан за метална конструкција, а на себе немал никакви видливи повреди.
Полицијата веднаш направила информативен разговор. Дедото изјавил дека околу 3 часот утрото, во неговата куќа двајца маскирани разбојници влегле и од новчаникот му украле 26.000 динари, мобилниот телефон, а потоа го изнеле од куќата го врзале за далековод.
Припадниците на Министерството за внатрешни работи, го известиле Високото јавно обвинителство и интезивно трагаат по сторителите.
Текстот Разбојници го киднапирале и ограбиле дедото на Јелена Џоковиќ е превземен од Reporter.mk.