Менаџерот на Северина, Томислав Петровиќ, го обвини нејзиниот поранешен сопруг, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, за фотографиите што синоќа се појавија на интернет.
Петровиќ вели дека Милан е лут поради изгубените судски постапки и сака да наштети на имиџот на хрватската пејачка.
„Сето ова се случува откако Северина повторно победи во судските постапки. Ваквата одмазда и обид за дискредитација не се ништо ново. Се поставува прашањето каде е границата и со кои средства Милан може да се служи во иднина. Утрово се преземени сите правни работи за заштита на Северина, нејзините права и интереси“, изјавил Томислав Петровиќ за хрватските медиуми.
Текстот Разголените слики ги пушти поранешниот на Северина, тврди нејзиниот менаџер е превземен од Reporter.mk.