Разликата во години причина за распадот на бракот на Синди Крафорд и Ричард Гир

Синди Крафорд и Ричард Гир беа еден од најпопуларните и најгламурозни парови во 90-те години. Двојката се запозна во 1988 година, а по четири години, стапија во брак. Воа тоа време и двајцата беа на врвот од својата кариера. Синди беше кралица на модните писи и едиторијали, а Ричард еден од најангажираните холивудски актери.

Се венчаа 1992 година во Лас Вегас. Наместо класични прстени, изработени од злато и сребро, тие размениле прстени од алуминиумска фолија. До денес ваквиот потег останува мистерија за пошироката јавност. Бракот траел до 1995 година, а кружеле бројни гласини за причините за прекинот и крајот на нивната љубов.

Се зборувало дека биле преславни за да бидат еден со друг. Дека бракот им бил параван за да ја прикријат својата хомосексуалност. Синди во јавноста ја откри вистината. Таа тврди дека разводот се случил затоа што двајцата не минувале доволно време заедно и поради разликата во години. Синди била 17 години помлада од Ричард Гир.

„Мислам дека дел од проблемот бил во тоа што бевме се, освен пријатели. Јас бев млада, а тој беше Ричард Гир“, изјавила Синди.

Ричард Гирд денес е во брак со Алехандра Силва, со која чека дете, а Синди Крафорд од 1998 година е во брак со Ренди Гербер, со кого ги има синот Присли и ќерката Каја.

 

Текстот Разликата во години причина за распадот на бракот на Синди Крафорд и Ричард Гир е превземен од Reporter.mk.