Во февруари Џенифер Анистон и Џастин Тероу открија дека се разведуваат, а седум месеци по разделбата Тероу првпат прозборе за крајот на заедничкиот живот со Џенифер.
Во интервју за Њујорк Тајмс, 47 – годишниот актер откри дека не се разделиле во лоши односи.
„Добра вест е што тоа беше навистина нежна разделба, без непријатности. Навистина морам да внимавам што ќе кажам“, вели Тероу и додава: „ Не умревме, не се мававме со секири. Секој си тргна по својот пат. Знам дека тоа ви е досадно, но премногу се почитуваме за да се повредиме. Но, не можам да кажам дека тоа не ми го скрши срцето бидејќи знаев дека нашиот однос нема да биде ист“, рекол поранешниот на Анистон.
Џастин и Џенифер се развделија по две години брак и седум години врска.
Текстот Разводот со Џенифер ме скрши, Џастин Тероу прв пат прозборе за бракот со актерката е превземен од Reporter.mk.