Познатата актерка Неда Арнериќ била на работ на смртта кога ја донеле на ВМА, откако испила 20 таблети за смирување во комбинација со лекови за хипертензија, пренесоа српските медиуми.
На одделот за Токсикологија била примена во безсвесна состојба и бледило на лицето. По воспоставување на дијагнозата, присутните лекарите откриле дека притисокот и е 50 со 20, и веднаш и дале терапија која ќе ја регулира нејзината сериозна здравствена состојба.
Според сознанијата на медиумите, актерката долго време била во лошо расположение, а причината била смртта на нејзиниот сопруг Милорад Мештеровиќ.
Откако тој почина, Неда живеела сама во стан, а неа редовно ја посетувал постариот брат, кој и ја повикал полицијата затоа што неговата сестра не одговарала таа вечер на телефонските. Два дена предходно, таа имала претсва на која одиграла одлично и добила огромен аплауз од публиката.
Два дена пред да проба да се самоубие, Неда го крена театарот на нозе
Текстот Речиси мртва, бледа и со притисок под 50, Неда Арнериќ едвај се спаси од смртта е превземен од Reporter.mk.