Новиот филм за најпознатиот негативец од стриповите, Џокер, ќе биде поинаков од сите филмови што ги гледавме низ годините. Актерот Жоакин Феникс го толкува ликот на лудиот непријател на Бетмен. Режисерот Тод Филипс ја објави фотографијата на неговиот инстаграм-профил и не пропушти да го спомене името на новиот Џокер, кој во овој филм ќе се вика Артур.
Режисерот Филипс и продуцентот на филмот, Мартин Скорсезе, велат дека се работи за филм што ќе биде многу различен од сите филмови од DC филмскиот опус досега. Новиот Џокер воопшто нема да потсетува на оној на Џек Николсон, Хит Леџер или, пак, Џаред Лето, туку ќе биде сосем нов лик со оригинална животна приказна.
Жоакин Феникс посебно се подготвува за оваа улога и има во план да ослабне уште повеќе, за да ја прикаже внатрешната борба на ликот, но и за да дојде до изгледот што го преферира режисерот Тод Филипс за улогата. Како што беше откриено, филмот е фокусиран на комичарот Артур, кој живее во фиктивниот град Готам за време на 1980-тите. Покрај Жоакин Феникс, во филмот ќе се појават и Роберт де Ниро, Зази Битз и Марк Марон, а неговата премиера е закажана за 4 октомври 2019 година.
Текстот Режисерот на „Бетмен“ објави слика од новиот Џокер е превземен од Reporter.mk.