Рускиот режисер Никита Михалков бил хоспитализиран и опериран во болница во Москва, потврдил режисерот и сценарист Александар Адабашјан за порталот „360“.
„Болен е, беше очекувано. Нема ништо трагично. Му се случи непријатна спортска повреда, мораше да се оперира“, рекол Адабашјан за без да даде дополнителни информации.
Ова не е првпат Михалков да заврши во болница оваа година. Последен пат бил хоспитализиран во март, во Нижни Новоград. Тој бил советник на Владимир Путин за време на претседателската кампања, па во текот на капањата се лизнал и паднал во хотелот во кој бил сместен.
Режисерот Никита Михалков е роден на 21 октомври 1945 година во Москва. Завршил режија во 1971 година на Герасимовиот институтот за кинематографија, а негов дипломски труд е филмот „Тивок ден на крајот од војната”. Никита бил и глумец, а првата улога ја имал на 14 години. Во 1995 година доби Оскар за филмот „Изгорени од сонцето”.
Текстот Режисерот Никита Михалков итно опериран е превземен од Reporter.mk.