Ричард Гир по вторпат ќе стане татко. 69-годишниот актер и неговата 35-годишна сопруга Алехандра Силва го очекуваат своето прво заедничко дете.
Веста за бременоста ја објави Силва, заедно со фотографија со Далај Лама. „Многу специјален момент се случи пред само неколку минут. Добивме благослови за нашето скапоцено кое е на пат. Не можевме да објавиме за бременоста пред да му кажеме на Далај Лама“ – напиша таа.
Гир се смета за тибетски будист и е активен поддржувач на Далај Лама.
Ричард и Алехандра ја започнаа својата врска во 2014 година, а во април се венчаа.
Текстот Ричард Гир на 69 години чека дете, сопругата е бремена е превземен од Reporter.mk.