Ричард Гир: Салвини е мал Трамп

Американскиот актер Ричард Гир упати сериозни критики и навреди кон италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини нарекувајќи го „мал Трамп“.

Гир вели дека Салвини исто како и американскиот претседател, го искористува стравот кај луѓето за да ги добие нивните гласови.

„Вашиот министер за внатрешни работи го има истиот менталитет како и претседателот Трамп. Всушност Салвини го нарекувам малиот Трамп. Се користи со истото радикално незнаење и го искористува стравот и омразата“, изјавил Гил за италијанскиот весник „Кориера дела сера“.

Гир од неодамна се најде во конфликт со Салвини поради бродот на хуманитарната организација Open arms, кој пренесувал стотина мигранти. Салвини забранил негов пристап на едно од италијанските пристаништа.

„Кога вашиот министер за внатрешни работи би минал малку време со тие луѓе, ги слушне нивните приказни и семејни трауми, би го променил својот став“, изјавил Гир и додал дека сака да се состане со Салвини, затоа што е сигурен дека не е таков каков што се претставува во јавноста.

Гир бил во посета на бродот пред две недели. Актерот им однел храна на мигрантите, а Салвини му порача да ги однесе мигрантите во Холивуд и да ги прими во своите вили.

„Има семејства, деца, родители. Но, политиката ја користи како средство за засилување на поддршката. Животот може да биде едноставен ако си искрен и говориш од срце“, изјавил Гир.

 

Текстот Ричард Гир: Салвини е мал Трамп е превземен од Reporter.mk.