Ричард Гир вторпат стана татко

Холивудската ѕвезда Ричард Гир вторпат стана татко. Неговата сопруга Александра Силва минатиот викенд роди син, пишува шпанскиот весник „Ола“. 36-годишната Александра се породила во Њујорк, а името на бебето се уште не е објавено. Бебето е родено седум месеци пред Гир да наполни 70 години.

Ричард Гир пред Александра два пати беше во брак. Со топ-моделот Синди Крафорд немаа деца, а го има 18-годишниот син Хомер од бракот со глумицата Кери Ловел. Ова е второ дете и за Александра, која од бракот со Говинд Фриндалд го има 5-годишниот син Алберт.

 

Текстот Ричард Гир вторпат стана татко е превземен од Reporter.mk.