Светската пејачка Ријана донираше пет милиони долари преку својата фондација Clara and Lionel Braithwaite, за борбата против коронавирусот. Фондацијата се наоѓа во нејзината родна земја Барбадос, а истата го носи името на нејзините баба и дедо. Пејачката одлучи да поддржи неколку организации на кои им е потребна помош.
Една од нејзините цели е и фондацијата за поддршка и финансирање на ефикасни програми за образование, здравје и одговор за време на вонредна состојба во земјите во светот.
Таа секојдневно донира пари и неопходни средства за борба против опасниот вирус. Досега тоа го направија и модниот дизајнер Џорџио Арамни, кој беше еден од првите кои донираа 1,25 милиони евра за помош на клиниките и институтите.
„Одговоривме на Ковид-19 со дистрибуција на пет милиони долари за хуманитарната организација DirectRelief, Feeding America, Resueorg, WHO & Barbados со заштитна опрема, медицински материјали и храна во повеќе региони“, објавија од фондацијата, која Ријана ја основаше пред осум години.
„Никогаш не било поважно и поитно да ги заштитиме и подготвиме маргинализираните и недоволни зачувани заедници кои ќе бидат најмногу погодени од пандемијата“, порача извршната директорка на фондацијата Џастин Лукас.
Организацијата која им помага на заедниците со медицинска опрема донацијата ќе ја искористи и за помош во развој на вакцината против опасниот вирус, како и за други методи во борбата против него.
Текстот Ријана донираше пет милиони долари во борбата против коронавирусот е превземен од Reporter.mk.