Пејачката од Барбадос, Ријана се најде на третото место на листата на најбогати музичари на „Сандеј Тајмс“. Нејзиното богатство е проценето на 600 милиони долари.
Светските медиуми пишуваат дека Ријана има причина за славје, затоа што, освен што располага со добар глас и став и нејзината банковна сметка е на нејзина страна.
Пејачката која неодамна се пресели во Лондон, сега ги надмина и Елтон Џон и Мик Џегер од оваа листа. Прв на истата е Ендрју Лојд Вебер, додека втор е Пол Мекартни.
„Таа не изненади по малку. До минатото лето многу малку луѓе воошто знаеле дека живее во Велика Британија. Сега е таква ситуацијата, што таа стана првата музичарка, која во Велика Британија го стекна статусот на милијардерка“, изјавил Роберт Ватс, кој ја составува оваа листа.
И покрај тоа што Ријана нема издадено албум од 2016 година, за нејзината заработка во голем дел е заслужен и францускиот луксузен бенд LVMH, кој е нејзин партнер.
Освен тоа, Ријана лансираше и сопствена линија на секси долна облека, под името Savage x Fenty, која најдобро ја промовира со нејзините разголени изданија на социјалните мрежи.
Инаку, ова не е првпат, со своите пари, Ријана да ја премине конкуренцијата. Минатата година го завзема првото место на листата на „Форбс“, за најбогати жени во музичката индустрија.
Текстот Ријана ги престигна Елтон Џон и Мик Џегер на листата на милионери е превземен од Reporter.mk.