Светската ѕвезда Ријана ја раскина тригодишната врска со милијардерот Хасан Џамил. Иако не зборуваше за врската со милијардерот, Ријана неодамна изјави дека ужива во љубовта со Џамил и дека едвај чека да стане мајка. Токму затоа нејзините фанови се изненадија од веста дека таа ставила крај на врската.
Пејачката од Барбадос и арапскиот милијардер првпат беа видени заедно во 2017 година, но скоро никогаш не се појавија заедно во јавноста.
Богатството на Хасан се проценува околу 2,2 милијарди долари.
Текстот Ријана го остави милијардерот Хасан Џамил е превземен од Reporter.mk.