Ријана го тужи својот татко

Светската ѕвезда Ријана го тужела сопствениот татко Роналд Фенти поради измама, пишуваат американските медиуми. Ријана, чие вистинско име е Робин Ријана Фенти, го тужи татка си за измама, лажно рекламирање, нарушување на приватноста и уште неколку други дела. Пејачката во тужбата навела дека Роналд и неговиот деловен партнер ја основале компанијата „Фенти ентертејмент“ и на тој начин лажно го користеле нејзиното име за да се збогатат.

„Таа компанија упорно и намерно се претставува како да има врски со Ријана, што не е точно. На тој начин, од трети лица се извлечени милиони долари, бидејќи тие двајца лажно тврделе дека се одговорни за кариерата на Ријана и дека ги закажуваат нејзините настапи ширум светот“, стои во тужбата.

 

Текстот Ријана го тужи својот татко е превземен од Reporter.mk.