Ријана им забрани на гостите да ги користат своите телефони за време на нејзината ревија на долна облека на Модната недела во Њујорк. Всушност стриминг-сервисот „Амазон прајм видео“ ги доби ексклузивните права за снимање и со тоа „Амазон“ ќе ја емитува ревијата на 20 септември.
„Немате поим колку лудо шоу ни доаѓа“, објави Ријана на „Твитер“.
Славната пејачка и дизајнерка ги спои музиката, модата и културата со специјалните гостинки како Џиџи и Бела Хадид, Нормани и Кара Делавињ.
Текстот Ријана забрани сликање на својата ревија на долна облека е превземен од Reporter.mk.