Рики Мартин го запознал партнерот преку „Инстаграм“

Голем број светски музички ѕвезди се имаат запознаено со своите партнери преку социјалните мрежи „Твитер“ и „Инстаграм“. Еден од нив е и Рики Мартин, кој својот партнер Џван Јозеф го запознал преку „Инстаграм“.

Пејачот откри дека се допишувале шест месеци, а на крајот решил да одлета за Лондон за да се запознаат. Двајцата се верија во 2016 година, а се венчаа година дена подоцна. Денеска имаат две деца.

И Мартин и Јозеф велат дека социјалните мрежи денес се место на кое лесно може секој да го најде својот партнер.

Овие двајца не се единствената позната музичка двојка кои се имаат запознаено преку социјалните мрежи. Има голем број славни двојки кои се заљубиле на ист начин. Таков е случајот со Софија Турнер и Џон Џонас, кои исто така се запознале преку „Инстаграм“. Пријанка Чопра и Ник Џонас се запознале преку „Твитер“.

По неколкугодишната врска, двајцата се венчаа во 2018 година. Калвин Харис и Рита Ора исто така се допишувале преку „Твитер“. Во врска беа од мај 2013 година, па сè до почетокот на 2014 година.

Харис во еден момент открил дека ѝ раскинал на Ора исто така преку „Твитер“. И Амер Роус и Виз Калиф исто така се запознале преку „Твитер“. Двајцата се венчаа во јули 2013 година и го имаат синот Себастијан. Се разведоа година дена подоцна.

 

 

 

 

 

Текстот Рики Мартин го запознал партнерот преку „Инстаграм“ е превземен од Reporter.mk.