Младиот пејач и победник на „Ѕвездите на Гранд“ Ристе Ристески во Сараево сними нова песна. Веќе неколку дена е во Босна каде што заедно со авторот Амил Лојо ја снимаа новата песна. Ристе е задоволен од досега сработеното и вели дека Амил напишал вистинска песна за него.
„Во Сарево дојдов да ја снимам мојата нова песна. Сега со Амил заедно уживаме во убавините на градот. Тука имам многу пријатели кои ме поддржуваат од почетокот на мојата кариера“, вели Ристе, кој има многу настапи во Белград, каде што живее, а патува и во Италија, Швајцарија и Австралија.
Ристески неодамна ги објави песните „Добро јутро тајно“, „Неизлечиво“ и „Како ли се она зове“.
Текстот Ристе Ристески во Сараево сними нова песна е превземен од Reporter.mk.