Роб Старк од „Игра на тронови“ е новиот Џејмс Бонд

Актерот Ричард Маден, најпознат по улогата на Роб Старк во хит-серијата „Игра на тронови“ може да биде следниот Џејмс Бонд, пренесува британскиот весник „Сан“. Според нив, продуцентите на филмот веќе му пристапиле на британскиот глумец и му ја понудиле улогата на тајниот агент 007. Ако прифати, тој ќе го глуми Бонд од следниот филм, откако Даниел Крег ќе го сними „Бонд 25“.

„Извршниот продуцент Барбара Броколи е воодушевена од неговата улога во серијата ‘Телохранител’ што неодамна се прикажуваше во Британија. Таа веќе го гледа како новиот Бонд. Тоа што и фановите ширум светот го сакаат заради улогата на ‘младиот волк од Винтерфел’, Роб Старк, е голем плус за него“, рекол извор близок на продуцентите.

Маден се прослави со улогата на Роб Старк во „Игра на тронови“. Иако неговиот лик беше убиен во третата сезона, и понатаму е еден од омилените ликови на фановите на серијата. По ова, тој го глумеше Космо де Медичи во серијата „Медичи: господарите на Фиренца“, имаше мала улога во летниот хит „Ибица“ кој се снимаше лани во Хрватска, а постигна голем успех со улогата на Дејвид Бад во мини-серијата „Телохранител“.

 

 

Текстот Роб Старк од „Игра на тронови“ е новиот Џејмс Бонд е превземен од Reporter.mk.