Роб Стјуард е најстариот пејач на врвот на британската топ-листа

Легендарниот британски музичар Роб Стјуард со 74 години и 11 месеци стана најстариот пејач кој се нашол на врвот на британската топ-листа, пренесе Би-би-си. Тој за три месеци го претрка досегашниот рекордер Пол Сајмон.

Пејачот има и најмногу продадени албуми во Велика Британија. Беше во тесна трка со Роби Вилијамс кого успеа да го победи со 750 повеќе продадени примероци. Албумот You’re In My Heart, десетти во неговата кариера, се најде на водечкото место, а е објавен на 22 ноември.

Рекордот за најстарата британска пејачка која се најде на врвот на топ-листата е Вера Лин (102), која на првото место се најде во 2014 година, кога имала 97 години.

 

Текстот Роб Стјуард е најстариот пејач на врвот на британската топ-листа е превземен од Reporter.mk.