Роберт де Ниро обвинет за сексуално малтретирање

Чејс Робинсон, поранешната асистентка на актерот Роберт Де Ниро, го обвини за „сексуална дискриминација, непријателско работно опкружување и вознемирување“, барајќи отштета од 12 милиони долари.

Чејс поднесе тужба во федералниот суд во Менхетен, откако Роберт Де Ниро ја тужеше за затајување на 6 милиони долари, бидејќи таа, наводно, ја користела кредитната картичка на неговата компанија за нејзина сопствена употреба.

Робинсон започна да работи за Де Ниро во 2008 година како извршен асистент. Таа поднесе оставка во април 2019 година, година и пол откако беше унапредена во заменик претседател на финансии во компанијата на Де Ниро.

Таа сега тврди дека Де Ниро вербално ја злоупотребувал и ја третирал како негова „сопруга во канцеларија“.

Во обвинителството таа тврдела дека Де Ниро понекогаш бил пијан и викал на неа користејќи вулгарен речник, а потоа ја принудил да го почеша на грб или да му ја врзува вратоврската, како и да ги извршува домашните работи. Покрај тоа, таа тврди дека носел пижами за време на работното време и барал таа да влезе во неговата спална соба за да го разбуди.

Де Ниро, наводно, очекувал дека Робинсон секогаш ќе му биде достапна, па тврди дека работела до 11 часа на ден, но никогаш не била платена за тоа.

Текстот Роберт де Ниро обвинет за сексуално малтретирање е превземен од Reporter.mk.