Роберт Просинечки, еден од најдобрите фудбалери во поренешна Југославија и актуелен селектор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, е тајно опериран во Сараево. Ова е втора операција на поранешниот фудбалер кој на 23 ноември имаше операција на тенкото црево.
„Просинечки морал повторно да биде опериран бидејќи раната по првата операција бавно зараснувала. Втората операција е направена во саботата. Неговата состојба во моментов е стабилна“, открил анонимен извор за босанските медиуми.
Истиот извор додал дека дека Просинечки е пренесен на интензивна нега.
„Засега постоперативниот процес оди добро, а ако така остане на крајот на неделата ќе биде вратен на оделение на Абдоминалната клиника“, пишуваат медиумите.
Текстот Роберт Просинечки тајно опериран е превземен од Reporter.mk.