Пејачот Роби Вилијамс и неговата сопруга Ајда Филд го добија своето четврто дете. Веста за раѓањето на детето ја откри сопругата на Роби на „Инстаграм“, со порака дека стигнало „најубавото изненадување“. Ајда соопшти дека добиле момче, кое ќе се вика Бо Бенедикт Ентовен, а дека го родила истата сурогат мајка што ја роди и нивната најмлада ќерка.
„Конечно сме комплетни“, напишала таа покрај со фотографијата што ја сподели со фановите на пејачот.
Роби и Ајда ја имаат седумгодишната ќерка Теди и петгодишниот син Чарлс. По двете бремености Ајда имаше многу здравствени компликации, па најмладата ќерка Коко (2) ја роди сурогат-мајка.
Инаку, во скорешно интервју. поранешниот пејач на групата „Тејк дет“, зборуваше за борба со анксиозноста, агорафобијата и тешката одлука да престане да пуши.
Текстот Роби Вилијамс доби четврто дете е превземен од Reporter.mk.