Роби Вилијамс признал во интервју за лондонско „Радио 2“ дека е убеден дека има психичко нарушување, пишува „Дејли мејл“.
„Нешто дефинитивно ми недостастува. Не знам дали станува збор за аутизам или Асперегеров синдром“, изјавил Роби Вилијамс.
Иако многумина ова го припишале на славата, Вилијамс вели дека тој проблем ќе го имал доколку и не бил славен.
„Тешко е да се биде во мојата глава. Станува збор за зависност. Веројатно е душевна болест. Секој ден ми е поинаков. Дури и ако работам исти работи. Едноставно не знам да објаснам зошто некои денови не можам да станам од кревет“, изјавил Роби.
Последните неколку години пејачот го ценел животот многу повеќе, особено откако со сопругата Ајда Филд ги добиле ќеркичката Теодора и синот Чарлтон.
Британската музичка ѕвезда открива дека има опсесија во гуглање на своето име и пребарување на негативните коментари за себе.
„Тоа истовремено е проклетство и благослов. Постојано читам колку сум глупав и не знам да пеам. Но, тоа ме турка само напред. Поради тоа денеска сум човек каков што сум“, признал Роби.
Роби во своите претходни интервјуа умеел да каже дека во главата има болест што ќе го убие. Многупати бил на работ на смртта, а својот живот полн со подеми и падови го споредил со животот на покојниот Џорџ Мајкл.