Британскиот музичар Роби Вилијамс откри дека го снимил својот прв божикен албум, наречен „Божикен подарок“. Албумот ќе излезе на 22 ноември, а е микс од стари и нови празнични песни. На албумот Роби соработуваше со Брајан Адамс и Род Стјуарт, но и со боксерскиот шампион Тајсон Фјури.
„Многу сум возбуден за мојот прв божикен албум. Во кариерата направив многу и издавањето на овој албум ми е како исполнување на сон. Многу се забавував додека го снимав и едвај чекам сите да го слушнете“, рекол Вилијамс.
„Божиќен подарок“ ќе биде негов 13. албум. Сниман е во Лондон, Лос Анџелес и Ванкувер.
Текстот Роби Вилијамс сними божикен албум е превземен од Reporter.mk.